Овие се 6-те најголеми тајни на девојките

Кармин

24/09/2018

19:40

3.677

Големина на фонт

а а а

Покрај четките за заби, постојат и некои нематеријални работи кои треба да ги задржите за себе и да не ги делите со никој.

Врските опстојуваат со доверба, но некои работи нема да му наштетат на никој, ако останат тајна. Денес ви носиме неколку работи кои девојките сакаат да ги задржат само за себе.

1. Килограми

Иако сте виделе дека некои фитнес инструкторки целиот живот се посветени на себе и гордо ја споделуваат своата тежина со следачите на Инстаграм, поголемиот број девојки, оваа бројка со задоволство би ја чувале само за себе. Девојките не се прашуваат за килограми и години, нели?


2. Број на партнери

Ретко која жена сака да зборува за претходните сексуални искуства, а освен тоа, не сака да открие колку партнери имала досега. Тоа на ниту еден начин не може да влијае на нејзината врска ниту пак на било што друго, освен ако не "заработила" некаква сексуално пренослива инфекција или болест.


3. Апетит

Понекогаш на девојките им е непријатно да признаат дека и покрај обемната салата, тие повторно се гладни. Тоа обично се случува на почетокот на врската или на "незадолжително состанување", пред вистината по ова прашање да исплива на површина.


4. Способност во "машките" работи

Ако има соодветен алат, речиси секоја жена ќе успее да состави било каков дел од мебелот. Некои жени тоа нема да ѝ го признаат на посилната половина, само за да не ја намалат неговата "машкост" во куќата и сакаат во неовите очи да останат кревки и женствени.


5. Испуштање гасови

Иако не е ниту малку привлечно, сепак се работи за нормална физичка потреба. Ако не можат да се воздржат до купатилото, жените воглавно вината ја префрлуваат на миленичињата или на некоја натприродна сила.


6. Незадоволство после секс

За да не му го повредат егото на момчето, девојките воглавно ги премолчуваат лошите моменти и тоа дека не се во целост задоволени. "Следниот пат ќе биде подобро", се тешат. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk