Ова е нешто што им се случува на сите парови. Двајцата сте одлично расположени за љубовна акција, облеката е веќе на подот и тогаш настапува таа несреќна ситуација која уништува сѐ.
Следните седум ситуации се најголеми непријатели на сексуалното расположение.
Повикот од родителите никако не може да придонесе нешто добро во сексуалната активност. Особено ако се обидете да го игнорирате, а тие не се откажуваат. Затоа, за да ја избегнете оваа непријатна ситуација, најдобро е мобилниот телефон да го оставите во друга просторија или пак да го ставите на нечујно.
Двајцата сте слушнале некаков шум, звук од паѓање на некој предмет или чекори? Нормално дека нема да продолжите со акцијата, како паровите во евтините хорор филмови.
Понекогаш одредена храна не функционира како афродизијак, туку сосема спротивно. Неколку часа после вечерата, желудникот ви испраќа повратни сигнали, дека нема да успее да го задржи составот и наместо да го прегрнувате партнерот, таа вечер ќе ја прегрнувате WC школката. Катастрофа, нели?
Се случила одредена ситуација, на пример сте паднале од креветот и тоа го насмеало вашиот партнер многу повеќе од што сте очекувале. Во тој момент настапува вашата послаба и поемотивна страна, па најверојатно нема да сакате да продолжите со сексот.
Премногу инструкции и забелешки во текот на предиграта, може вас и вашиот партнер премногу да ве олади.
Особено ако се работи за повреда на половиот орган. Освен што е болно, многу е веројатно дека апстиненцијата ќе потрае неколку дена.
Колку и да ви е блиску продавницата, сексуалната возбуда едноставно ќе се спушти и веројатно наместо игри под чаршавот, ќе одберете гледање филм или ручек некаде надвор.