За четири месеци изгубила 15 килограми - секојдневно консумирала еден ист оброк

Кармин

06/08/2018

14:25

3.272

Големина на фонт

а а а

Ана Марија Клис, како и повеќето жени, имала проблем со вишокот килограми, а потоа вовела една едноставна рутината во својот план на исхрана со која изгубила 15 килограми.

Ова е нејзината приказна: 

"Во третата бременост "качив" дури 36 килограми, а тоа беше страшно за мене. Раѓањето остави траг на моето тело, но никогаш не бев толку тешка. За мојот 35-ти роденден сфатив дека морам да се променам - не само што не ми се допаѓаше изгледот, туку и не можев да дишам како што треба и ми беше тешко да работам. Имам три синови, а темпото беше убиствено", признала Клис за "Pop Sugar".

Таа решила да престане со изговорите и да промени нешто во своето секојдневие.

"Никогаш не следев диети бидејќи метаболизмот сериозно ми се пореметуваше, па затоа одлучив 90 отсто од времето да водам здрав живот, а 10 отсто да консумирам храна која ја обожувам. Не ги исклучив јаглехидратите, само консумирав леб од цели житарици, а наместо шеќер користев јаворов сируп и се убедив себеси секој ден да јадам голема порција салата", изјавила оваа мајка која не ја крие својата радост што успеала да го добие изгледот кој го посакувала.

Тоа што јадела голема порција салата за неа бил спасот.

"По салатата јадев помали оброци - немаше место за толку чизбургери, не бев гладна. Внесував доволно витамини и постепено како што почнав да слабеам, започнав и да вежбам. Пешачам три пати неделно и сега имам повеќе енергија", вели Ана.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk