Од Ријана до Каније Вест, синоќа во Париз беше испишана модна историја

Кармин

22/06/2018

15:43

3.148

Големина на фонт

а а а

Новиот уметнички директор на машката линија за облека на модната куќа Луи Витон синоќа во Париз испиша историја. Францускиот луксузен бренд во март оваа година на тоа место го постави Вирџил Аблох за главен дизајнер.

Аблох на тој начин стана првиот афроамерикански дизајнер на чело на толку голема модна куќа, а интересно е дека Вирџил не студираше моден дизајн, туку е дипломиран архитект. Заедно со Каније Вест во 2009 година беше на пракса во италијанската модна куќа Фенди, а после тоа тие двајца продолжиле да соработуваат и станаа многу блиски пријатели. 

Првата ревија на Вирџил за Луи Витон се одржа синоќа на модната недела за мажи во Париз, а дизајнерот во француската престолнина го поддржаа многубројни славни личности од шоубизнисот, модата, вклучувајќи го и Каније кој дојде со сопругата Ким Кардашијан Вест, на која ова ѝ е прво враќање во Париз откако беше ограбена.


Ким и Каније седеа во првиот ред, а веднаш покрај нив седела Кајли Џенер и Травис Скот, додека нешто подалеку беше присутна и Ријана. Ревијата ја следеа и Бела Хадид, Наоми Кемпбел, Рита Ора и многу други славни личности кои му пружија голема поддршка на дизајнерот за овој историски момент.


Интересно е дека сите славни носеле негови парчиња облека, а познатите дами биле облечени во еднобојни "аутифити", од Ријана во бело, Кајли во жолто и Бела Хадид во црвено издание.

Вирџил инаку може да се пофали со Греми наградата која ја доби во 2011 година за визуелен идентитет на албумот "Watch the Throne" на Џеј Зи, а модниот свет го освои во 2013 година кога го основаше брендот Off White.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk