Фатална привлечност: Овие два хороскопски знаци се создадени еден за друг

Кармин

23/05/2018

12:45

7.275

Големина на фонт

а а а

Одредени хороскопски знаци се привлекуваат на прв поглед, но помеѓу овие два знака од зодијакот постои магнетна привлечност и еротика која е присутна во воздухот – и сите можат да ја забележат.

Станува збор за комбинацијата Шкорпија – Бик. 

Кога Бикот и Шкорпијата ќе започнат љубовна врска, таа е многу интензивна, а страста и хемијата се толку силни што сите можат да го забележат тоа. Тие се спротивни знаци на зодијакот што им дава посебна, комплексна поврзаност. Тие заедно можат да постигнат единство, но само доколку секоја страна успее да ја избалансира својата сила и слабост.


Нивната сексуална привлечност е фатална. Бикот и Шкорпијата имаат многу заеднички карактеристики, но поради нивните моќни карактери тие често “пливаат” помеѓу страсната љубов и неслогата.

Овие два хороскопски знаци имаат длабоки побуди и желби, а иако се две спротивности, тие не можат да се одвојат еден од друг. Шкорпијата тежнее кон предизвици, а таа обожува што Бикот е личност која не е лесна за освојување. Бикот понекогаш е себичен и концентриран на себеси, а значајно место во љубовната врска заземаат физичкиот контакт и тежнеењето кон емотивна сигурност.

Со самото тоа, Шкорпијата која зрачи со привлечност и која во љубовта очекува многу страст, може во потполност да одговара на потребите на Бикот.


Проблемот може да настане само доколку секој од нив се држи до својот карактер. Додека Бикот ја цени искреноста и отвореноста, Шкорпијата сака да остане мистериозна.

Како би успеала врската помеѓу двата знаци? Нивната моќна поврзаност може да го достигне највисокото ниво кога Шкорпијата ќе сфати дека Бикот сака да биде со неа на долг рок, а таа ќе ја скроти својата таинствена природа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk