Меланија Трамп не е наивна: Откриена причината зошто првата дама го носи капутот на овој начин

Точка

08/02/2018

11:21

8.357

Големина на фонт

а а а

Меланија Трамп уште еднаш покажала дека нема намера да глуми блискост со својот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, ако за тоа нема потреба.

Откако повторно му ја тргнала раката, интернетот почнал да претпоставува која е причината зошто во последно време првата дама го носи капутот преку рамена. 

Пред неколку дена се појави снимка на која Меланија Трамп повторно го оттурнала својот сопруг кој пробал да ја фати за рака пред собраните фотографи, а социјалните мрежи не престануваат да зборуваат за овој настан. 


Во сите други моменти ваквата ситуација би поминала незабележливо, но во случај на брачниот пар Трамп сè е ставено под лупа, посебно доколку инцидентите се повторуваат.

Имено, многумина забележиле дека во последно време Меланија не го облекува капутот туку само го носи преку рамената, што претходно не било случај.


По социјалните мрежи се зборува дека со ваквиот потег, таа не му дозволува на Трамп да ја држи за рака.

##https://twitter.com/totalwench/status/960566291558842368?s=17##

Така било и на последното патување во Охајо. Иако на почетокот таа ја држела чантата во левата рака под капутот, откако Трамп пробал да ја фати за рака, Меланија ја преместила чантата во десната рака и со тоа уште еднаш му оневозможила да ја исценира нивната блискост во јавноста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk