Таа важи за една од најстилизираните жени на денешницата, но Алекса Чанг, ТВ лице и од неодамна дизајнерка, признава дека воопшто не сака шминка.
“Тушот за очи е единствениот производ кој навистина ми значи”, вели Алекса, нагласувајќи дека како што старее, обрнува сè поголемо внимание на нејзината кожа. Тушот кој таа го користи е “Eyeko Skinny”, но како некој кој изгледа како Алекса го постигнува беспрекорниот изглед?
“Кожата ја негувам со масла, но неодамна козметичарката ме советуваше дека на мојата кожа ѝ треба нешто повеќе од тоа. Имено, јас мислев дека маслата делуваат хидратантно, но сепак не се – тие се добри како бариера која спречува хидратантното средство да “исчезне” од површината на кожата. Затоа сега најпрвин ставам серум, па хидратантна крема, а дури потоа масло. И функционира”, вели Алекса.
Таа, за разлика од поголемиот број на познати дами, не обрнува големо внимание кога станува збор за чистење на лицето – напротив, Чанг е многу лежерна околу ова прашање.
“Ретко го чистам моето лице. Го мијам наутро кога се туширам. И знаете, не ја чистам шминката пред спиењето – сакам да си легнам како вистинско “парче”, вели таа.
Веруваме дека дерматолозите не се согласуваат со ваквата навика, но и покрај тоа што Чанг го крши ова правило, тоа не остава трага на нејзиното лице кое изгледа беспрекорно.