Израелски медиум тврди: Путин спречи војна помеѓу Израел и Иран

Точка

14/02/2018

16:56

2.041

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Русија сопрел можна војна помеѓу Израел и Иран откако телефонски разговарал со израелскиот премиер после ескалацијата меѓу Тел Авив и Дамаск минатиот викенд.

Откако сириската против-воздушна одбрана собори израелски воен авион „Ф-16“ кој што напаѓал мети во Сирија, израелската армија возврати со серија на жестоки бомбардирања на позиции на сириската армија, но и иранските сили во Сирија.

Високи израелски функционери ја разгледувале можноста за продолжување на воените дејствија против Дамаск, меѓутоа тие го промениле ставот после телефонскиот разговор помеѓу Владимир Путин и Бенџамин Нетанјаху.

Израелските медиуми тој разговор го опишуваат како „одлучувачки и судбински затоа што веднаш ја сопрел ескалацијата“. Израелскиот весник „Харец“ заклучува дека рускиот претседател обезбедил прифатливо решение за двете завојувани страни, нагласувајќи дека тоа е сега јасно ако се следат случувањата.


Израелците најпрвин во саботата рано наутро пресретнаа и соборија ирански дрон кој што тврдат дека навлегол во израелски воздушен простор, а потоа израелски борбени авиони ја нападнале воената база во Сирија од каде што полетал иранскиот дрон. Притоа сириската против-воздушна одбрана погоди и сруши еден израелски борбен авион, па следувала жестока реакција - напад на 12 сириски и ирански мети во Сирија.

Израелскиот весник „Харец“ открива дека израелските напади на Сирија кои што биле најинтензивни во последните три децении, предизвикале загриженост во Москва, пред се затоа што во близина на бомбардираните места во провинцијата Хомс, биле разместени руски војници и воени советници.

„Харец“ констатира дека стабилноста во регионот преовладеала после телефонскиот разговор на Путин и Нетанјаху, па повторно станало јасно кој ги носи одлуките на Блискиот исток, односно дека Русија е таа земја што одлучува како работите ќе се одвиваат во регионот, додека САД е „присутно-отсутна“ сила.


Судејќи според соопштението на Кремљ издадено после телефонскиот разговор помеѓу рускиот претседател и премиерот на Израел, Путин го повикал Нетанјаху да се воздржи од превземање на чекори кои што би можеле да доведат до нови судири во регионот.

Сепак, израелскиот безбедносен естабилишмент и натаму проценува дека судирот со иранските сили во Сирија е само прашање на време, иако оваа рунда на непријателство очигледно била завршена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг