Се откажала од манекенството поради анорексија, но сега е успешна плус - сајз манекенка

Точка

14/02/2018

18:38

2.833

Големина на фонт

а а а

На само 16 години Чарли Ховард започнала манекенска кариера, период кога се борела со анорексија, булимија и кога воопшто немала самодоверба. Денес станала плус - сајз манекенка и со својата приказна сака да ги инспирира останатите жени да се сакаат себе си, да го сакаат своето тело и да не дозволуваат другите да им ги наметнуваат стандардите за убавина.

Благодарејќи на славата, егзотичните снимања и дизајнираната облека, многумина сметаат дека манекенската кариера е многу атрактивна работа. Но, зад сиот тој гламур се крие една мрачна вистина, манекенките се борат со голем психички притисок, исто како и Чарли Ховард. 


26 годишната британка Чарли, моментално живее во Њујорк и е успешна плус - сајз манекенка. Прифаќањето на своите природни облини не бил воопшто лесен залак. Таа се борела со пореметување во исхраната, анорексија и булимија, а открила дека и агентите ја третирале многу лошо.


"Болестите само се зголемуваа. Анксиозност, булимија, ниско ниво на самодоверна, сè стануваше многу лошо како што растев во сенка на луѓето кои имаа нула култура. Не зборував отворено за моите чувства, проблемите ги задржував за себе и се обидував да ги контролирам своите емоции со храна", вели Чарли.

На 16 години влезе во светот на манекенството, а посебно внимание привлече во 2015 година кога напишала отворено писмо до нејзината поранешна агенција на Фејсбук. Тие ја отпуштиле, бидејќи не била доволно слаба, иако имала 45 килограми.


"Одбивам да се чувствувам усрамено и вознемирено секој ден, бидејќи не ги исполнувам Вашите смешни, недостижни стандарди за убавина", напишала Чарли.

Нејзината порака брзо се проширила на Интернет, а доби голема поддршка од страна на голем број на жени. После тоа, Чарли беше на мисија да докаже дека големината е само број. Нејзиниот став бил забележан од страна на друга агенција во Њујорк, со која британката брзо потпишала многу вреден договор.


Со природен изглед, Чарли успеала да се појави на многубројни билборди во Њујорк, на насловната страна на "Vogue", а исто така работела за "Nike" и "Desigual".


"Научив да се сакам себе и да ги прифатам моите стрии и вишокот кожа и престанав да се обвинувам себе за сè", порача Чарли.



Спонзорирани линкови

Маркетинг