Тренерот на Волфзбург го има најнеобичниот метод за работа: После секој тренинг или натпревар, играчите мора…

Дерби

20/10/2017

21:45

1.386

Големина на фонт

а а а

Мартин Шмит на средината на месец септември го презема составот на Волфзбург кој имаше навистина лош старт на сезоната во Бундеслигата, а како што вели самиот тој, на играчите посебно чуден им паднал еден негов метод кој почнал да го практикува уште во претходниот клуб Мајнц.

Педесетгодишниот германски стручњак е популарен во својата родна земја со своите енергични реакции и постојани гестикулации крај аут линијата, но покрај ова, тој вели дека од особена важност во неговиот тим секогаш е дисциплината, односно хигиената кој тој ја става пред се.

Шмит во изјава за германските медиуми го откри својот необичен метод кој мора да го практикуваат неговите фудбалери по секој напор кој го имаат на тренинзите и натпреварите, а тоа е миењето на забите како морална обврска која не смеат да ја прескокнат.

– По крајот на тренинзите и натпреварите, во устата се создава киселина поради заморот. Тоа ги напаѓа непцата и потоа директно продолжува до крвта. Затоа миењето на забието после напор влијае многу позитивно за спречување на подоцнежни компликации. Затоа, секој мој играч мора да ги измие забите венаш по завршувањето на некаква физичка активност. Тоа го барам од нив и кога се во нивните домови, – открива Шмит кој преземањето на Волфзбург нема забележано ниту еден пораз, но интересно ниту една победа со оглед на тоа што сите четири меча завршија нерешено.



Спонзорирани линкови

Маркетинг