Ботас знае дека константноста ќе му донесе договор

КРУГ.МК

19/06/2017

19:01

167

Големина на фонт

а а а

Валтери Ботас е свесен дека за да стигне до нов договор со Мерцедес ќе му треба константност во перформансите оваа сезона.

Финецот веќе имаше одлични моменти годинава со својата прва пол позиција во Бахреин и својата прва победа во Русија, но имаше и очајни моменти како кога се изврте зад безбедносното возило во Кина.

„Мислам дека константност во перформансите ќе ми донесат нов договор. Треба да сум на ниво на болидот и да помогнам во развојот, да работиме како тим и да победуваме на трки.

Мерцедес е победничка екипа и на врвно ниво така што логично е што очекуваат многу од возачот. Сите сакаат да возат за Мерцедес, а јас морам да покажам константност на високи перформанси за да останам. Амбицијата ми е да има долгогодишна соработка со тимот што сметам дека е возможно“, објасни Валтери.

Финецот е радосен на својата прва победа и пол позиција кои ги имаше оваа сезона затоа што смета дека тоа во многу му ја олесниле работата и му го намалиле притисокот.

„Се надевав дека уште во Мелбурн ќе стигнам до победа, тоа беше моја цел, но сепак сум задоволен и со тоа што го сторив на 4та трка. Убаво е што имав прва пол позиција во Бахреин, а прва пбоеда во Русија, убаво е што тоа го направив во првиот дел од сезоната и не морам повеќе да се оптоварувам со тоа затоа што јас и тимот знаеме за што сум способен“.

Иако во моментов Валтери е цели 36 поени зад Луис Хамилтон, свесен е дека проблемот со моторот кој предвреме му ја заврши трката во Шпанија го чинел многу.

„Многу сме блиску со Луис и јас не гледам разлика. Верувам во себе иако тој има многу повеќе искуство затоа што е во тимот многу подолго време, но не гледам причина зошто секогаш да не сум на негово ниво. Мислам дека тоа е возможно.

Знам дека можам да победувам на трки, а тоа и го докажав како и тоа дека можам да бидам на пол позиција. Луис не е воопшто лесен противник, ме мотовира и вади максимум од мене“.



Спонозорирани линкови

Маркетинг