Само за адреналински зависници: Дали би кампувале на работ од бездна?

Точка

19/06/2017

17:51

3.227

Големина на фонт

а а а

Како изгледа светот од височина од 1.700 метри? И тоа, не од хеликоптер или од авион, туку од обичен шатор!

Одговорот на ова прашање го знаат стотина вљубеници во кампувањето кои ги поставиле своите шатори на планината Лаожун, која се наоѓа во кинеската провинција Хенан.

Целиот пат и кампувањето во облаци го одбрале за да можат да посведочат на неверојатната глетка на изгревање на сонцето, кое одлично се гледа од ова место.


Секако, импресивни се и облаците, за кои Ксу Леи, една од организаторките на авантурата, вели: „Околу десет часот навечер почна да нè опкружува море од облаци и тоа траеше сè до пет попладне следниот ден. Тоа беше неверојатно искуство, како да се наоѓаме среде океан, а планината е брод кој плови“.


Не грижете се, никој не настрадал, бидејќи околу местото за кампување е направена ограда, а организаторите за секој случај обезбедиле и батерии за случајно некој „да не го изгуби компасот“ во доцната ноќна прошетка.

Интересно е тоа што во кампот има и Wi-Fi сигнал, за да можат да се објавуваат фотографии на социјалните мрежи.


Но, многумина од камперите не се занимавале со мобилните телефони на ова доживување, туку практикувале јога и заклучиле дека чувството да се занимаваш со јога на речиси 2000 метри височина е навистина магично!



Спонозорирани линкови

Маркетинг