ТОЧКА ПОЧЕТНА    СУПЕРМЕН    КАРМИН    
 
МОДА И УБАВИНАФИТНЕС И ДИЕТИЛИБИДОКАРИЕРАДОМ И ДИЗАЈНФАМИЛИЈАКУЈНА И РЕЦЕПТИАСТРО

Славната Ферхунде ужива во вистински луксуз: Ова е нејзиниот дом на крајбрежјето на Босфор!
10.01.2017 | 18:41
Извор: Кармин
Прочитано: 11967 пати

Куќата освојува уште на прв поглед и едноставно е невозможно а да не ви разбуди убави емоции.

Убавата турска актерка Дениз Чакир (34), којашто својата слава ја стекна токму благодарение на улогата на ликот Фергунде, слобната снаа во семејството Текин, во серијата “Кога лисјата паѓаат”, очигледно се наоѓа на врвот од својата кариера толкувајќи го ликот на Мерјем во серијал чија главна тема е мафијата, а којашто важи за една од најгледаните за изминатата година.

Таа се доселила во Истанбул во 2004-та година, и како што славата растела (а со неа и заработката), така таа и ги менувала своите станови. Кон средината на 2016-та година, со своите мачки таа се преселила по четврти пат. Нејзиниот нов стан од околу 200 квадратни метри се наоѓа на самото крајбрежје на Босфор, во населбата Куручешме.

- Живеев во неколку други населби, но моја последна станица е токму Куручешме, открива Дениз за декемврискиот број на магазинот InStyle.


- Тука ми се допаѓа најмногу. Куќата ме освои уште на прв поглед и кај мене разбуди многу убави чувства. Во претходните станови глумев дека сум среќна, но тука се чувствувам навистина спокојно без ниту најмал труд. Како на некој начин да ме смири, па токму затоа во себе чувствувам длабок мир. Се испостави дека навистина ми била потребна куќа со поглед на морето, полна со многу светлина и прекриена со многу огледала. Ниту во една друга куќа себе си не можев толку многу да се гледам, се пошегувала Дениз.

Убавата актерка која покрај снимањата работи и на театарски претстави со коишто ги посетува градовите ширум земјата, најмногу била импресионирана од дизајнот на ентериерот во новиот дом. Таа вели дека единствено само ги заменила тапетите таму каде што било неопходно и додала по некое парче мебел или детаљ според својот вкус.

Најважен за неа е ормарот за нејзините бројни книги, а посебна грижа водела да нема премногу завеси и теписи.

- Нив ги сакам само во спалната соба, открила таа во интервјуто.

“Üzecekler seni, çok üzecekler. 
Aklına o zaman geleceğim işte.” 🍂🍂🍂 Cemal Süreya

A photo posted by Deniz Çakır (@denizcakir) on


Пространата куќа има голем салон, отворена и модерна кујна, три големи соби и две бањи. Меѓутоа, Дениз едната од тие соби ја претворила во гардеробер.


И судејќи според фотографиите на друштвените мрежи, со големо задоволство таа својот дом го украсила во новогодишно руво, а нејзиниот роденден којшто е токму на 31-ви декември, таа го прославила со колегите, на сет.


КОМЕНТАРИ
НАЈНОВО ОД ДОМ И ДИЗАЈН

ЕНТЕРИЕР
Мермерни тапети: Новиот тренд во уредување на домот
Признаваме – ние сме заљубени во овој дезен, а со тоа и во новиот тренд во светот на ентериерот. Мермерот е ИН и едно е сигурно – тој нема да нè напушти набрзо.
25.02.2017, 10:37


КУЌИТЕ НА СЛАВНИТЕ
Новиот дом на Иванка Трамп
Вашингтон е еден од најубавите американски градови, а новиот дом на ќерката на претседателот се наоѓа во еден од елитните квартови на оваа метропола.
20.02.2017, 09:14


ЕНТЕРИЕР
Свежината на овaa хит нијансa ќе го разубави сечиј дом
Бојата што ќе ја одбележи оваа година е дефинитивно зелената, а експертите велат дека таа е одлична за внесување “живот” во секој дом.
14.02.2017, 11:33


ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА
Магичната Лапонија – дестинација која сакате да ја посетите!
Лапонија е апсолутна хит зимска дестинација, без разлика дали сте турист или професионален фотограф и авантурист. Ваквата зимска магија мора да ја доживеете барем еднаш во животот.
07.02.2017, 12:24


ЕНТЕРИЕР
Верувале или не: Стан од 32 квадрати има 24 соби!
Архитектот Гари Чанк направил 24 станбени единици во стан од само 32 квадратни метра. Станот се наоѓа во еден од најгусто населените градови - Хонгконг.
04.02.2017, 14:04


НАЈЧИТАНИ
24чaса7дена30дена

За што служи фиоката под Вашата рерна?
Дали и Вие, како и повеќето жени на светот, ја користите онаа мала фиока под рерната за чување на та...
ЖИВОТНА СТОРИЈА
Фотографија која го расплака светот: Секојдневната борба со ракот на 10-годишниот Дрејк
ВЕЖБИ
Дали најмоќната вежба за стомачни мускули е навистина толку ефикасна?
ЖИВОТНА ПРИКАЗНА
“Бев вдовица и бремена, но потоа повторно се заљубив” – како истата трагедија го спои овој пар?
НЕГА
Масла за лице кои ќе направат чуда за Вашата кожа!

ВИДЕО ВЕСТИ

Дали најмоќната вежба за стомачни мускули е навистина толку ефикасна?
Една девојка се одлучила да ја испроба вежбата во која сите се колнат и да провери дали навистина се...
БЕСПРЕКОРЕН ИЗГЛЕД
Откриени најголемите лаги на beauty блогерките
ЖИВОТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА
Момчето ја навредувало поради нејзиниот изглед – сега ја бара назад!

ФОТО ВЕСТИ

Побарале да го напушти базенот за да не ги зарази другите – причината е апсурдна!
Лијан Хантер е девојка која добила псоријаза кога имала само пет години. Низ годините, нејзините дам...
ЖИВОТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА
Момчето ја навредувало поради нејзиниот изглед – сега ја бара назад!
СОВЕТИ ЗА УБАВИНА
Тајните на нејзиниот природен изглед: Таа знае како да ја истакне својата убавина

ФЕЈСБУК 'LIKE BOX'

   
 
  НЕ ПРОПУШТАЈТЕ


Поддржано од Tocka.com.mk, во сопственост на Точка Медиа | Маркетинг