Јован Јованов и Тони Зен го објавија спотот за „Уште ми требаш“ – продолжението на „Итно ми требаш“ е хит од прво слушање

Десет дена по промоцијата на песната „Уште ми требаш“, Јован Јованов и Тони Зен го објавија и официјалниот спот за својот нов хит. Станува збор за уметничко визуелно видео, во чиј фокус се двајцата долгогодишни соработници, а во спотот се појавува и манекенката Вања Петрушевска. Режисер на спотот е Горан Божиновски. „Уште ми требаш“ е продолжение на безвременскиот хит „Итно ми требаш“, кој Јованов и Зен, заедно со Ламбе Алабаковски го испеаја пред 18 години.