„Asador Etxebarri“ прогласен за најдобар ресторан во светот: Село во Шпанија ги освои љубителите на гастрономијата

Ресторанот „Asador Etxebarri“ од местото Атхондо, во северна Шпанија, се најде на првото место на овогодишната листа на 50 најдобри ресторани во светот, објавена на свечена церемонија во перуанската престолнина Лима. Како што соопшти организацијата „The 50 Best“, листата ја составиле повеќе од 1.100 експерти од ресторанската индустрија од целиот свет.