Изградиле неверојатен подземен систем под градот: Овој „бетонски џин“ со 59 столбови ги штити луѓето од катастрофа

Под површината на земјата, на периферијата на Токио, се наоѓа еден од најимпресивните градежни потфати наменети за заштита од поплави. Станува збор за системот познат како „G-Cans“, односно „Metropolitan Area Outer Underground Discharge Channel“, огромна подземна инфраструктура што го собира вишокот вода при обилни дождови и тајфуни, а потоа со моќни пумпи го пренасочува во реката Едо.