Божиќната реклама на „Диор“ изгледа магично, а инспирирана е од вистински настан

Оваа година „Диор“ одлучи да изненади. Наместо реклама направена со помош на вештачка интелигенција, по која посегнуваат сè поголем број брендови, славната модна куќа решила празничната приказна да ја раскаже преку анимиран филм.