Макфестовската „Рано е“ на Теа Трајковска доби и видео спот
По впечатливиот настап на овогодинешното издание на „Макфест“, каде со својата нова песна „Рано е“ уште на прво слушање ја освои публиката во салата, Теа Трајковска ја претстави и видео приказната за песната. Музиката и аранжманот се дело на Лазар Цветкоски, додека текстот го потпишуваат Теа Трајковска и Магдалена Цветкоска.








