Тунелот Катланово денеска ќе остане без струја шест часа поради замена на електричен столб на далекуводот кон тунелот од страната на селото Бадар. Прекинот во снабдувањето ќе важи само за тунелот, без прекини во околните населени места.
Тунелот Катланово денеска, ќе остане без електрично напојување во периодот од 9:20 до 15:20 часот.
Прекинот е најавен поради замена на дрвен столб со бетоноски на 10-киловолтен далекувод кон тунелот Катланово, од страната на селото Бадар.
Според најавата, без електрично напојување ќе биде само тунелот, додека не се очекуваат прекини во снабдувањето со електрична енергија на околните населени места.








