Пресврт во случајот со убиството кај Смилковци: Уапсен 38-годишен скопјанец, појаснил и како го извршил чинот

Точка

27/11/2026

14:09

548

Големина на фонт

а а а

Полицијата го расчисти случајот со убиството на 38-годишниот Ш.Е. од скопското село Љубин, чие безживотно тело беше пронајдено на 21 ноември на обиколницата „Мајка Тереза“, во близина на селото Смилковци.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по преземени оперативно-тактички мерки, вчера бил лишен од слобода 38-годишниот Б.Ј. од Скопје, осомничен за кривично дело „убиство“.

Според МВР, со осомничениот бил извршен службен разговор, при што тој го појаснил начинот на извршување на кривичното дело.


Потсетуваме, телото на Ш.Е. беше пронајдено на 21 ноември, по претходна пријава во СВР Скопје. При полицискиот увид била забележана прострелна повреда во пределот на ногата. Во близина на телото било пронајдено и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал починатиот.

По целосното документирање на случајот, денеска, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднела кривична пријава по брза постапка против Б.Ј. за кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.

Засега не се соопштуваат детали за мотивот за убиството, ниту во каков однос биле осомничениот и жртвата.

Истрагата и понатаму треба да ги расветли сите околности поврзани со овој случај.