[ФОТО] Жена (61) потрошила 39.000 евра за подмладување на лицето, резултатот шокираше многумина

Кармин

25/11/2026

15:43

281

Големина на фонт

а а а

Трансформацијата на 61-годишна жена по низа естетски зафати на лицето привлече големо внимание на социјалните мрежи. Операцијата ја извршил Марк Левин, пластичен хирург од Беверли Хилс, кој е специјализиран за подмладување на лицето, а својот пристап го опишува како постигнување големи промени со зачувување на природниот изглед.

Триесетгодишниот Левин редовно објавува фотографии од своите пациенти пред и по операциите на социјалните мрежи. Неодамна ги покажа резултатите од зафатите кај 61-годишната фризерка Хелен, чија операција траела девет и пол часа.

„Каква трансформација! Кај Хелен не занемаривме ниту еден детаљ. Го анализиравме и обработивме секој милиметар од нејзиното лице“, напишал хирургот во објавата. Тој истакнал дека ги задржала своите препознатливи црти на лицето, но дека сега изгледа помладо и посвежо.


За зафатите издвоила 45.000 долари

Левин открил дека цената на сите зафати изнесувала 45.000 долари (околу 39.000 евра). Операцијата вклучувала лифтинг на подлабоките слоеви на ткивото на лицето и вратот, ендоскопско подигнување на веѓите, корекција на горните и долните очни капаци, пренос на сопствено масно ткиво во лицето, третман со CO2-ласер и намалување на ушните ресички.

„Релативно сум млад хирург, па ги користам најновите техники за подмладување и лифтинг на лицето“, изјавил тој. Фотографиите пред и по операцијата предизвикале бројни позитивни реакции на социјалните мрежи, а многумина пишуваат дека не можат да се изначудат на резултатот.


„Апсолутно прекрасно... Толку сте талентирани и вешти“, напишала една личност, додека друга додала: „Леле, резултатот е фантастичен!“ Некои корисници го нарекле хирургот „волшебник“ и „чудотворец“.

„Се чувствувам како сега да изгледам како мојата ќерка“

Во посебно видео, Хелен, која потекнува од Јужноафриканската Република, објаснила зошто се одлучила за операција. Таа признала дека пред зафатот не била задоволна од својот изглед.

„Се гледав себеси и се прашував што ми се случува. Мојот изглед не одговараше на тоа како се чувствував однатре“, рекла таа.


Три месеци по операцијата, таа вели дека ѝ се вратила самодовербата и дека е исклучително задоволна од резултатите. „Се чувствувам како сега да изгледам како мојата ќерка“, рекла Хелен, а потоа му се заблагодарила на хирургот.

„Ви благодарам што ми ја вративте самодовербата. Пресреќна сум што имав најдобар и најгрижлив хирург. Неизмерно сум благодарна“.


Колку трае закрепнувањето?

Според зборовите на Левин, првите резултати се видливи две до три недели по операцијата. Тој тврди дека некои пациенти веќе тогаш можат да им се вратат на општествените активности, без трагите од зафатите да бидат особено забележливи. Додал дека резултатите стануваат појасно видливи по три до четири месеци, додека изгледот на лицето може да продолжи да се менува и до една година по операцијата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk