[ФОТО/ВИДЕО] Празничната атмосфера пристигна во Белата куќа: Меланија Трамп ја претстави елката висока 5,5 метри

Кармин

24/11/2026

11:07

680

Големина на фонт

а а а

Првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп вчера ја пречека официјалната божиќна елка во Белата куќа за 2026 година, продолжувајќи ја долгогодишната празнична традиција во претседателската резиденција.

Според информациите од Кабинетот на првата дама, испораката била извршена напладне, на северниот пристап кон Белата куќа.

Овогодишната елка е висока 18 стапки, или околу 5,5 метри, и е вид конколор елка која се одгледувала на фармата „Silent Night Evergreens“ во Ендевор, Висконсин.


Елката била доставена во Вашингтон од Чак Џенсен, професионален возач на компанијата „FedEx Freight“ и 10-годишен ветеран во американската армија.

По пристигнувањето во претседателската резиденција, елката била поставена во Сината соба на Белата куќа, каде што ќе биде изложена за време на празничната сезона во 2026 година.


Овогодишната елка била избрана на 21 септември, откако фармата „Silent Night Evergreens“ победила на натпреварот на Националното здружение на елка. Нивната елка го освоила првото место на натпреварот за официјална елка на Белата куќа.

Ова е четврти пат оваа фарма во Висконсин да обезбеди елка за Белата куќа. Претходно, нивните елки ја украсуваа претседателската резиденција во 1998, 2003 и 2017 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk