Американската манекенка Бела Хадид позирала целосно гола за новата насловна страница на списанието „Harper’s Bazaar“, а на црно-белата фотографија носела само впечатливи бисерни обетки и чевли со потпетица со крзнени детали.
Триесетгодишната манекенка за насловната страница позирала во бисерни обетки на „Чопард“ и чевли со потпетица од модната куќа „Ботега Венета“, чија цена е околу 1.600 долари. Станува збор за модел со шпицест врв и детали од јагнешко крзно. Косата за оваа прилика ѝ била зачешлана наназад и подигната во елегантна пунџа.
Во разговорот со главната уредничка на списанието, Самира Наср, Хадид зборувала за тоа што за неа претставува успехот, откривајќи дека не го поврзува нужно со кариерата и славата.
„Успехот за мене може да значи живот во мир, во мал град, со мажот кого го сакам, моето дете и животните“, рекла таа.
Хадид открила и дека веќе подолго време размислува за отворање пекарница која би користела намирници од локалната заедница, заедно со цвеќарница и други содржини.
„Отсекогаш сум сакала да отворам пекарница во која ќе се подготвува храна од намирници директно од фарма, заедно со цвеќиња и сè она што доаѓа од локалната заедница. Сакам да правам работи што ме исполнуваат одвнатре: да имам стаклена градина во која можам да одгледувам растенија, студио за изработка на стакло и керамика, како и многу деца и да бидам мајка“, раскажала манекенката.

Додала дека тоа порано не бил нејзиниот животен сон, но дека во последно време таа желба станала многу силна.
„Мојата интуиција ми зборува за тоа многу гласно“, истакнала Бела.
Хадид порано овој месец и јавно ја потврдила врската со Нејтан Лејси, објавувајќи на Инстаграм фотографии на кои разменуваат нежности. Парот заедно присуствувал на натпревар на хокеарскиот клуб Колорадо Аваланш, а манекенката по тој повод ја истакнала и важноста на хуманитарната иницијатива „Hockey Fights Cancer“.

Лејси е по потекло од Колорадо, а неговото семејство поседува градежна компанија во Крестед Бјут. Со Хадид почнаа да го поврзуваат на почетокот од оваа година, откако биле видени заедно на Миланската модна недела во февруари, пренесува „Пејџ сикс“.
Пред оваа врска, манекенката била во двегодишна врска со јавачот Адан Бануелос, а нивната врска завршила во јануари 2026 година.