[ФОТО] Мајли Сајрус ги покажа фотографиите од венчавката: Носела „Ив Сен Лоран“ и дијаманти од 4,27 карати

Кармин

23/11/2026

08:27

406

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка Мајли Сајрус (33) на Инстаграм ги објави првите официјални фотографии од венчавката со музичарот Макс Морандо (28). Црно-белите портрети ги сними фотографот Хосе Виља, а пејачката покрај нив напиша само „M + M 11.21.26“.

Фотографиите беа објавени во недела, ден по церемонијата во Палм Спрингс во Калифорнија, во заедничка објава на парот.

На првата Макс ја бакнува Мајли во образ додека покрај нив лежи куче, на втората позираат пред големо платно оптегнато под палми, а на третата седат во кожена фотелја.


Последната е од церемонијата: младенците се бакнуваат на патека опкружена со бели рози. До понеделник наутро објавата собра повеќе од 6,8 милиони лајкови.


„Сен Лоран“ и дијаманти од 4,27 карати

Според пишувањето на списанието „Вог“, Мајли носела свилен фустан со долги ракави и опашка од модната куќа „Ив Сeн Лоран“, што го дизајнирал Ентони Вакарело, како и свилени чевли од истата куќа. Покрај тоа, носела накит „Чопард“ меѓу кој се и обетки од бело злато со дијаманти со вкупна тежина од 4,27 карати.


Морандо исто така носел модна комбинација од „Ив Сан Лоран“: црн смокинг, бела кошула и сатенска вратоврска. На две фотографии ги носи и своите препознатливи темни очила.


Церемонија во некогашниот дом на Френк Синатра

Парот ги разменил заветите покрај базенот во куќата во која некогаш живеел Френк Синатра. Церемонијата, според истиот извор, наводно ја водел Вејн Којн, фронтменот на бендот „The Flaming Lips“, со кого Мајли соработува со години.


„Пипл“ наведува дека пејачката плачела додека Макс ги изговарал заветите. На венчавката, покрај мајката Тиш со сопругот Доминик Персел и сестрата Ноа, присуствувале и таткото Били Реј Сајрус со партнерката, актерката Елизабет Харли, како и нејзиниот син Демијан Харли.



Мајли и Макс се во врска од 2021 година, а свршувачката ја потврдија минатиот декември. Ова е нејзин втор брак - со актерот Лијам Хемсворт била во брак од 2018 до 2020 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk