[ВИДЕО/ФОТО] Жената која годините ја „заобиколуваат“: Вера Ванг (77) се појави на црвениот тепих во краток топ и го покажа стомакот

Кармин

03/11/2026

13:45

652

Големина на фонт

а а а

Модната дизајнерка Вера Ванг, која во јуни наполни 77 години, се појави на доделувањето на наградите CFDA во Њујорк во црна комбинација со откриен стомак, а фотографиите од настанот повторно покажаа зошто нејзиниот изглед со години предизвикува чудење.

Доделувањето на наградите на Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA), кои често се нарекуваат модни Оскари, се одржа во понеделникот вечерта во Американскиот природонаучен музеј на Менхетен.

Меѓу гостите на црвениот тепих беше и Ванг, која позираше пред фоторепортерите со насмевка и опуштено држење, како што може да се види на фотографиите на агенцијата Ројтерс.

За оваа пригода избра целосно црна комбинација: краток горен дел без прерамки, долго здолниште и кожна јакна префрлена преку рамениците, така што стомакот ѝ остана откриен. Изгледот го надополни со златна чанта во форма на цветови, а темната коса ја носеше врзана од страните.


Секое појавување повторно предизвикува прашања

Ванг со години се појавува на црвените теписи во комбинации што ги откриваат стомакот и рамениците, а секое нејзино појавување во јавноста одново го отвора прашањето како во осмата деценија од животот изгледа значително помладо.

Родена е во 1949 година во Њујорк. Пред да му се посвети на дизајнот, била натпреварувачка во уметничко лизгање, а потоа работела како уредничка во списанието „Vogue“. Својата модна куќа ја основала во 1990 година, а светската слава ја стекна со венчаниците што ги носеа бројни познати личности.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk