[ФОТО] Необична сцена во Њујорк: Славната манекенка легна на пешачки премин во гламурозно издание

Кармин

28/10/2026

13:08

1.186

Големина на фонт

а а а

Британската манекенка и актерка Кара Делевињ беше фотографирана како позира среде улица во Њујорк за време на фотосесија.

За фотосесијата, Делевињ носела тесен црн фустан со прерамки, прекриен со светки, со сребрен декоративен дел на градите, украсен со разнобојни кристали.


Манекенката со фустанот носела црни мрежести чорапи до колената и црни сандали со високи потпетици, украсени со зелен детаљ на токата. Долгата, права, платинесто руса коса со шишки го надополнила нејзиниот изглед, а таа позирала седејќи и лежејќи на пешачки премин.

Засега не е познато за кого била наменета фотосесијата, ниту кога точно биле направени фотографиите.

Делевињ и претходно учествувала во фотосесии на улиците на Њујорк, а во 2013 година позирала на Тајмс Сквер за кампања на брендот ДКНИ (DKNY).


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk