[ФОТО] Милан има само 13 години, а веќе е вистински мал шармер: Синот на Шакира ги воодушеви сите на кошаркарски натпревар

Кармин

16/11/2026

15:09

612

Големина на фонт

а а а

Шакира поминала посебна вечер со својот постар син Милан, а фотографиите од нивното заедничко излегување го привлекоа вниманието на медиумите и обожавателите.

Со оглед на тоа што е во пубертет, момчето значително се менува, како и сите деца на негова возраст, па секое негово ново појавување во јавноста предизвикува бројни реакции.

Тринаесетгодишниот Милан сега е повисок од својата славна мајка, а многумина забележаа колку пораснал и колку се променил во споредба со пред само неколку месеци.


Пејачката и нејзиниот син уживале во кошаркарски натпревар што се одржа на 14 ноември во салата „Касеја центар“ (Kaseya Center) во Мајами.

Милан носел бела маица, фармерки и зелена капа со бели ѕвездички, додека Шакира се појавила во сина комбинација со геометриски дезен, очила за сонце и својата препознатлива пуштена, брановидна коса.


Особено симпатичен момент бил забележан кога Шакира се појавила на големиот екран во салата. Додека камерите ги снимале мајката и синот, Милан ѝ покажал нежност, уште еднаш потврдувајќи колку се блиски.

Милан и Саша се центарот на светот на Шакира

Милан е постариот син на Шакира и поранешниот фудбалер Жерар Пике. Поранешниот пар го има и помладиот син Саша, кој има 11 години. Пејачката и фудбалерот во 2022 година објавија дека се разделуваат, по долгогодишна врска.

Иако кариерата ја носи Шакира низ целиот свет, пејачката во повеќе наврати истакнала дека нејзините синови ѝ се најголем приоритет. Во интервју за списанието „Пипл“ во јуни, таа зборувала за тоа колку мајчинството ја променило и ѝ помогнало да го погледне животот од поинаква перспектива.


„Мајчинството те прави силна. Во моментот кога станав мајка, почнав да гледам на животот од поинаква перспектива“, изјавила Шакира.

Таа додала дека секојдневно учи од своите момчиња, додека истовремено се обидува да ги усогласи нивните потреби со професионалните обврски и новата креативна енергија.

Пејачката истакнала дека најважно ѝ е Милан и Саша да израснат во добри, искрени и внимателни луѓе.

Таа открила и едно посебно ветување што ѝ го дале нејзините синови – еден ден сакаат да ѝ купат фарма со животни, каде што ќе може да се одмора кога ќе одлучи да се повлече од јавниот живот.


Засега Шакира не планира да го забави темпото на својата музичка кариера, но јасно порачува дека нејзините деца секогаш ѝ се на прво место.

„Живеам за моите деца, тие се мојот најголем приоритет. Да ги гледам како растат и стануваат добри луѓе е мојот најголем сон“, истакнала пејачката.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk