[ФОТО/ВИДЕО] Алесандра Амбросио го „украде“ вниманието во Истанбул: Проѕирен фустан и златен корсет кој ги остави сите без здив

Кармин

17/11/2026

14:00

608

Големина на фонт

а а а

Бразилската манекенка Алесандра Амбросио (45) прошета по модната писта во Истанбул во проѕирен црн фустан и корсет од златни синџири. Пред ревијата, заедно со пријателите го разгледала градот.

На модната писта носела проѕирен црн фустан со висока јака, а врз него корсет од златни синџири во форма на кафез. Изгледот го надополнила со повеќеслојни златни ѓердани, долги обетки и алки.


Како што пренесе турскиот весник „Сабах“, Амбросио пред настанот му го покажала градот на својот тим, бидејќи и претходно многупати престојувала во Истанбул.

Четворицата пријатели го започнале денот со појадок со поглед кон Босфорот. Потоа прошетале низ улиците на Галата и се искачиле на кулата Галата, каде што манекенката направила многу фотографии.


„Според мене, нема ништо како Истанбул“, изјавила Амбросио, пренесе „Сабах“.

Амбросио и минатата година, во ноември, престојувала во Истанбул. Тогаш, на свеченоста „Жени на годината 2025“ (Women of the Year 2025), организирана од списанието „Харперс базар“, била прогласена за глобална икона на годината.


Во октомври се вратила на модната писта на ревијата на „Викторијас сикрет“ во Лос Анџелес, а во август се свршила со австралискиот дизајнер на накит Бак Палмер.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk