Д-р Момчило Матиќ открил што додава во чајот и медот, како изгледа неговата утринска рутина и дали е важно каква лажичка користиме.
Некој го започнува утрото со кафе, некој со чаша вода, а д-р Матиќ има поинаква навика. Гостувајќи во емисијата „Јутро“ на телевизијата „Прва“, тој открил дека секое утро подготвува напиток од чај, мед и други пчелни производи, како и дека истата рутина ја практикуваат и членовите на неговото семејство.
„Сето тоа го мешаме. И верувајте ми, јас го правам тоа секое утро, а истото го прават и членовите на моето семејство. И еве, не паметам кога последен пат сум бил настинат или сум имал каква било здравствена тегоба“, изјавил докторот.

На прашањето дали е вистина дека една лажичка мед секое утро го зајакнува имунитетот, докторот одговорил потврдно.
„Не само што е вистина, туку тоа е навистина одлична работа. Сите би требало да го прават тоа, освен одредени луѓе кои можеби имаат алергиски реакции или нешто слично. Но, медот навистина е ’лек‘, можеме така да кажеме. Пчелите вложуваат толку многу труд, тие се подобро организирани од луѓето. Кај нив точно се знае кој што и кога прави. Кај нас не се знае секогаш кој што работи“, објаснил д-р Матиќ.
Што се наоѓа во неговата шолја?
Д-р Матиќ во текот на разговорот открил дека како основа користи билен чај, а меѓу билките што ги споменал биле мајчина душица и коприва. Покрај медот, во напитокот додава и прополис и полен.
„Значи, го оставаме тоа да отстои. Додаваме прополис, околу 10 капки. Потоа додаваме и малку полен“, објаснил докторот.

Зборувајќи за различните пчелни производи, тој истакнал дека е важно нивната употреба да биде приспособена на лицето кое ги консумира.
„Значи, може да се користи сè што споменав, и прополис, и перга, и матичен млеч, сè. Сите тие се извонредни производи, но, секако, треба да се знае како се користат, во која количина, кога и кој смее, а кој не смее да ги употребува“, објаснил докторот.
Дали ви е потребна дрвена лажичка?
Ако секогаш посегнувате по дрвена лажичка кога јадете мед, едно од прашањата во емисијата се однесувало токму на оваа навика.
Матиќ објаснил дека краткотрајниот контакт на медот со метална лажичка не е причина за загриженост.
„Искрено кажано, ако земеме мед со метална лажичка и веднаш го изедеме, тоа нема нешто значително да промени“, нагласил тој.

Иако истакнал дека ѝ дава предност на дрвената лажичка, тој порачал дека слободно можеме да користиме и метална.
„Значи, ако некој нема дрвена лажичка, воопшто не е проблем да користи и метална“, изјавил докторот.
Што нѝ открива превртувањето на теглата?
Во емисијата гостувал и пчеларот Стефан Стевановиќ, кој зборувал за изборот на мед. Тој се осврнал на навиката на купувачите да ја превртуваат теглата и врз основа на густината да го проценуваат квалитетот на медот.
„Можеме да кажеме дека сите тие домашни методи не се соодветни за со сигурност да утврдиме која тегла содржи вистински мед, а која не“, објаснил тој.

Кога станува збор за изборот меѓу различните видови мед, тој ги споменал багремовиот, липовиот и ливадскиот мед, но нагласил и дека купувачите често избираат според вкусот што најмногу им одговара.
„Навистина има луѓе кои сакаат поблаги вкусови, но и такви кои претпочитаат поинтензивни вкусови. Затоа, луѓето најчесто се разликуваат според тоа кој вид мед најмногу им одговара по вкус“, истакнал пчеларот.










