Виндзор штанглите се традиционален колач познат по својот богат вкус.
Се подготвуваат од лесни, меки кори со мелени ореви и густ чоколаден фил варен на пареа и одозгора се украсуваат со рендано бело чоколадо, а рецептот на својот профил на Инстаграм го сподели Ивана Радовановиќ.

Состојки
За кората:
🥣6 белки
🥣200 г шеќер
🥣200 г мелени ореви
За филот:
🥣6 жолчки
🥣200 г шеќер
🥣2 реда чоколадо за готвење
🥣100 г изматен путер или маргарин
За декорација:
🥣Рендано бело чоколадо
Подготовка
Изматете ги шесте белки во цврст снег, а потоа постепено додавајте 200 грама шеќер. Потоа внимателно вмешајте 200 грама мелени ореви.
Смесата истурете ја во најголемиот плех (околу 36 × 39 сантиметри), обложен со хартија за печење и печете во претходно загреана рерна на 200°C околу 15 минути. Оладената кора пресечете ја на два еднакви делови.
На пареа варете ги шесте жолчки со 200 грама шеќер. Кога смесата ќе се згусне, тргнете ја од оган и додајте два реда чоколадо за да се растопат.
Оставете го филот целосно да се излади, а потоа додајте 100 грама претходно изматен путер или маргарин и добро соединете ги сите состојки.
Врз првата кора нанесете половина од филот, поклопете со втората кора и премачкајте со преостанатиот фил.
Одозгора обилно посипете со рендано бело чоколадо. Оставете го колачот добро да се излади, а потоа исечете го на штангли.









