Хали Бери и нејзиниот поранешен сопруг се соочиле очи в очи: „Се слушаше како пцуе. Излета од судницата и изгледаше вознемирено“

Точка

21/10/2026

18:52

363

Големина на фонт

а а а

Актерката Хали Бери и нејзиниот поранешен сопруг Оливие Мартинез во вторникот пристигнале во судот на сослушување затворено за јавноста, во рамки на постапката во која Мартинез ја обвинил својата поранешна сопруга за семејно насилство и побарал забрана за приближување.

Како што пишува „Пејџ сикс“ (Page Six), тој бурно ја напуштил судницата по долгото сослушување.

Поранешните сопружници, нивниот син Масео и свршеникот на актерката, Ван Хант, биле присутни во судницата на Вишиот суд на округот Лос Анџелес.

Се наведува дека Мартинез (60) ја напуштил судницата видно „вознемирен“, заедно со својот адвокат Патрик Багдасеријанс.

Наводно, францускиот актер бил слушнат како пцуе за време на жестока расправија со својот адвокат во врска со сведочењето.


Судијата се согласил судницата да биде затворена за јавноста за време на секое сведочење во кое е вклучено малолетното дете, а медиумот пренесе дека 13-годишниот Масео, околу кого се води спорот, сведочел приближно четири часа.


Потсетуваме, Мартинез ја обвинил Бери дека го малтретирала нивниот син. Масео пристигнал во судот заедно со својот татко.

Се наведува дека Мартинез при пристигнувањето во судот ѝ упатил остар поглед на актерката, а таа му возвратила на ист начин.


Актерката и нејзиниот поранешен сопруг, исто така, сведочеле пред судот, а поранешните партнери, кои се венчале во 2013 година и биле во брак две години, држеле дистанца еден од друг.

Осумнаесетгодишната ќерка на актерката, Нала Обри, која ја има со поранешниот партнер Габриел Обри, ќе сведочи подоцна оваа недела.

Таа претходно јавно ја поддржала својата мајка, тврдејќи во изјава доставена до судот дека „никогаш не видела мајка ми да го удри, дави, зграпчи или на кој било начин физички да го малтретира Масео“.


Инаку сè започнало претходно овој месец, кога Мартинез поднел барање за привремена забрана за приближување и побарал исклучиво старателство над нивното дете.

Тој ја обвинил актерката дека била насилна кон нивниот син во присуство на нејзиниот свршеник.

Нејзината адвокатка, Марина Бек, остро ги демантирала обвинувањата, нарекувајќи ги „целосно неосновани и намерно заблудувачки“.

Фото: Пејџ сикс