Бундеслигата во бунило: Поставеноста на играчите на Баерн треба да се студира

Дерби

20/10/2026

13:06

927

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен утре ќе игра голема дерби пресметка во Европа против Арсенал на домашен терен, а германскиот првак едноставно не можеше да има подобра увертира од онаа која ја имаше изминатиов викенд.

Баварците до врв ја наполнија мрежата на РБ Лајпциг и славеа со 6:1 на домашен терен, натпревар на кој ривалот успеа да постигне почесен гол само во ситуација кога домаќинот се опушти во самата завршница.

Баерн го одигра најдобриот натпревар од стартот на сезоната во секој можен поглед, а Бундеслигата издвои и едно видео кое според многумина треба да подлежи на студија.

Движењата на Хари Кејн често ги бунат ривалите на Баерн Минхен, но исто така и фудбалски експерти кои би имале необична задача да ја објаснуваат акцијата која заврши со гол на Павловиќ.

Кејн пристигна во близина на својот шеснаесетник за да прими топка, потоа одлично го проигра Дијаз на лево крило, по што Колумбиецот додаде до Павловиќ кој како дефанзивен играч за врска се најде во ситуација да постигне гол.

– Тактиката на Баерн треба да се студира….., – порачаа од Бундеслигата.