Позната легенда на Ливерпул распали по Сака: Лажна ѕвезда која мами и само паѓа на теренот!

Дерби

20/10/2026

12:51

586

Големина на фонт

а а а

Грем Сунес е жива легенда на Ливерпул и еден од најдобрите играчи кои го носеле црвениот дрес на великанот од „Енфилд Роуд“, но во последните години е доста актуелен и како фудбалски аналитичар кој знае да говори без влакна на јазикот.

Некогашниот играч за врска е заљубен во фудбалери кои прават разлика на средината на теренот, но како гостин во шоуто на Пирс Морган, испорача низа критики за фудбалер кој во очите на фановите на Арсенал е еден од најдобрите во Премиер лигата.

Сунес пред извесно време говореше дека не е голем фан на Деклан Рајс и го нарече играчот за врска „лимитиран фудбалер“, но сега откри дека има уште полошо мислење за Сака.

– Вашето момче Сака постојано симулира падови и глуми на теренот. Не сакам да слушнам за него како играч. Штом ќе почувствува дека ја губи топката, тој почнува да паѓа и се витка на земја, – му вели Сунес на Пирс Морган кој е голем фан на Арсенал.

– Тој секогаш симулира прекршоци, а оној кој симулира за мене е измамник. Паѓа намерно, иако во многу ситуации може да остане на нозе. Не е единствен во фудаблот, но кога Сака ќе добие старт, тој вреска додека паѓа и пробува да го измами судијата.

– Симулирањето е еден вид измама, тоа е апсолутна вистина. Но за жал, денес тоа е присутно насекаде во фудбалот. Ако прашате 100 луѓе што не им се допаѓа во модерниот фудбал, 50 отсто би рекле – симулирање, а другите 50 отсто би рекле – ВАР системот, – потенцира Сунес.