[ФОТО/ВИДЕО] Ќерката на Коби Брајант го оствари својот сон: Прошета на модната писта на „Викторија Сикрет“

Кармин

19/10/2026

15:00

823

Големина на фонт

а а а

Наталија Брајант, 23-годишната ќерка на починатата кошаркарска легенда Коби Брајант и Ванеса Брајант, во неделата за првпат прошета на модната писта на ревијата на „Викторија Сикрет“.

Годишниот моден настан на познатиот бренд за долна облека се одржала во студиото „Сони Пикчрс“ во Калвер Сити, Калифорнија, а Наталија била едно од попознатите лица на ревијата, пишува „Дејли мејл“.


Таа носела комбинација од линијата „Викторија Сикрет Пинк“, составена од розово болеро и црн градник со леопардски принт и натпис „ПИНК“. Изгледот го надополнила со сини фармерки украсени со разнобојни скапоцени камења, сребрен ремен со приврзоци во форма на кучиња, чантичка во форма на диско-топка и сребрени сандали.


Од накит носела големи сребрени обетки во форма на срце, а на косата имала розова панделка.

Возбуда пред излегувањето на модната писта

Наталија претходно во неделата за „Пејџ Сикс“ изјавила дека е пресреќна поради своето деби за познатиот бренд. „Ја гледав ревијата секоја година, уште откако бев мало девојче“, рекла таа и објаснила дека го проучувала начинот на одење на манекенките. „Постојано одново ги гледав снимките од ревиите, навистина се обидував да се внесам во тој начин на размислување“, раскажала Брајант.

Таа додала дека ѝ е неверојатно што сега се наоѓа „во иста просторија со некои од легендите“ и истакнала: „Ангелите се меѓу нас!“.


Исто така открила и дека омилена манекенка ѝ е Кендис Свонпул. „Сè уште не сум ја запознала – држете ми среќа“, изјавила за споменатиот медиум.

Пред големиот настан, како што раскажала, се посветила на рутина за физичка и ментална благосостојба. „Утрово вежбав малку јога, се истегнав и пуштив музика за да си ја подигнам енергијата“, рекла Наталија додавајќи дека нејзината плејлиста содржи „добра мешавина“ од изведувачи како Бијонсе, Дуа Липа и Тејт Мекреј.


Манекенска кариера во подем

Наталија минатата година дипломирала на Факултетот за филмски уметности при Универзитетот во Јужна Калифорнија (USC), а договор со модната агенција „Ај-ем-џи Моделс“ потпишала пред пет години. Нејзиното учество на ревијата следува две години откако во есента 2024 година се појавила во кампањата за линијата „Пинк“ на истиот бренд.


На модната писта за првпат се појавила на 22 септември 2023 година, на ревијата на брендот „Версаче“ за пролет/лето 2024, за време на Модната недела во Милано. Во последните години учествувала и на ревии за „Бос“ и „Оф-Вајт“, а остварила и соработки со брендови како „Адидас“ и „Дејвид Јурман“.


Познати лица на ревијата

На неделната ревија во Јужна Калифорнија учествуваа бројни врвни манекенки, меѓу кои беа Бела и Џиџи Хадид, Џасмин Тукс, Ешли Греам, Адријана Лима, Алесандра Амбросио и Ирина Шајк.


Исто така мајката на Наталија, Ванеса Брајант, била во публиката за да ѝ даде поддршка на својата најстара ќерка.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk