Дали знаете за оваа „скриена“ функција на машината за перење алишта? Ја суши облеката побрзо во студените денови

Кармин

14/10/2026

19:10

647

Големина на фонт

а а а

Многумина не ја користат целосно една од функциите на машината за перење што помага да се отстрани вишокот вода од облеката.

Во малите станови, без балкон или доволно простор за сушење, испраните алишта можат да станат секојдневен проблем. Особено во студените и влажни денови, маиците, пешкирите и подебелата облека можат да останат влажни со часови.

Сепак, Никола Луис, која е позната на Инстаграм по советите за чистење и организирање на домот, сподели едноставен, помалку познат трик што може да го скрати времето потребно за сушење на алиштата во домот. Таа ја откри „скриената“ функција на машината за перење што може да помогне облеката да се исуши побрзо, особено кај оние што немаат доволно простор за сушење на отворено.


Како што објаснила, по завршувањето на вообичаената програма за перење може да се вклучи дополнителен циклус на центрифугирање, познат како „Spin“, без додавање вода. Дополнителното центрифугирање помага да се отстрани преостанатата вода од ткаенината, со што се скратува времето потребно алиштата потоа да се исушат на сушара.


Како функционира опцијата „Spin“?

Опцијата „Spin“ ја активира центрифугата, при што барабанот на машината за перење се врти со голема брзина за да го отстрани вишокот вода од алиштата. Колку помалку вода останува во ткаенината по центрифугирањето, толку помалку влага треба да испари за време на сушењето. Затоа оваа опција може да помогне алиштата побрзо да се исушат на сушара.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk