Гатузо: Немаме многу пари, но имаме нешто поважно

Дерби

19/10/2026

13:08

467

Големина на фонт

а а а

Лацио одигра перфектно добар натпревар во Торино и славеше во големото дерби со Јувентус со резултат 0:3, триумф кој е прв за Џенаро Гатузо како тренер на било кое соочување на овој стадион.

Иако многумина се потсмеваа со него кога го презема Лацио, Рино засега ги замолкнува устите на сите критичари и се погрижи за старт кој е убедливо најдобар во историјата, бидејќи билансот од шест победи и едно реми е подобар и од оној од сезоната кога беше освоено Скудетото (2000-та година).

Гатузо го прослави големиот успех со многу емоции во друштво на играчите и навивачите на Лацио, а 19-от бод на седмиот одигран натпревар прави Лацио да биде лидер со Интер на врвот на табелата.

– Ова е првпат да победам овде откако почнав да се занимавам со оваа тренерска професија. Јас и мојот стручен штаб даваме идеи, но момците се тие што ги спроведуваат во дело, па затоа заслугите им припаѓаат ним.

– Напорно работиме на тренинзите, но овде создадовме вистинска семејна атмосфера. И клубот заслужува пофалби за ова што го доживуваме сега. Имавме малку средства за трансфер-пазарот, но баравме добри луѓе, полни со решителност, играчи кои по секоја цена сакаа да дојдат овде. Потребно беше време, немавме многу пари, но за мене е лесно да работам со вакви играчи. За мене поважно е што имам играчи кои имаат желба и натпреварувачки дух.

– И покрај добриот старт, во моментов не смееме да гледаме кон табелата. Ќе уживаме во оваа прекрасна победа, но потоа ќе ги наведнеме главите и ќе се вратиме назад на работа, во пресрет на натпреварот против Парма. Не сме навикнати да бидеме толку високо на табелата, а можеби и не сме подготвени за тоа, но ако одиме чекор по чекор, односно натпревар по натпревар, можеме да приредиме изненадување, – изјави Гатузо.