Сунес му порача на Ливерпул да го продолжи договорот со една ѕвезда: Тој е „Ролс-Ројс“ играч

Дерби

18/10/2026

16:46

356

Големина на фонт

а а а

Греем Сунес како поранешен играч на Ливерпул често ги коментира случувањата во редовите на „црвените“, а најновиот став поврзан со премиерлигашот е дел од новата автобиографска книга.

Како што пренесуваат англиските медиуми, легендарниот фудбалер посветил посебно внимание на статусот на Вирџил ван Дајк и инсистира дека Ливерпул треба да му понуди нов договор на дефанзивецот.

Ван Дајк влезе во последната година од актуелниот договор, а Сунес е убеден дека Ливерпул не смее да го испушти холандскиот репрезентативец.

– Мислам дека Вирџил се уште има сериозен квалитет во себе, треба да игра најмалку уште една сезона во Ливерпул.

– Луѓето го критикуваа откако ја заработи таа незгодна повреда во дуелот со Пикфорд, па не е фер да се каже дека тој веќе не е истиот играч. Јас не гледам дека нешто се променило.

– Конате беше тежок играч за да се игра со него, Вирџил е „Ролс-Ројс“ играч, Ливерпул треба да му го продолжи договорот на една, па и две години, – вели Сунес.