Шмајхел му изгласа доверба на Карик, но ја посочи суровата реалност која мора да ја прифатат фановите наЈунајтед

Дерби

19/10/2026

13:37

405

Големина на фонт

а а а

Мајкл Карик е под се поголем притисок како менаџер на Манчестер Јунајтед, и тоа во раната фаза на авантурата откако доби доверба на перманентна база.

Откако беше доведен како привремен менаџер до крајот на минатата сезона, Карик со одличните резултати се избори да биде решение на долг рок, но додека англиските медиуми почнаа да прават притисоци и да споменуваат имиња како можни наследници, Питер Шмајхел е убеден дека тоа нема да се случи во брзо време.

Легендарниот голман верува дека Карик ужива голема доверба меѓу водечките луѓе на клубот, но со своето обраќање, не пропушти да ја посочи суровата реалност со која ќе мора да се помират фановите на Јунајтед уште неколку години.

– Ако сте менаџер на Манчестер Јунајтед, вие секогаш ќе бидете под притисок. Дали му се заканува опасност да добие отказ? Воопшто не мислам така, – изјави Шмајхел за „Виаплеј“ по неделниот натпревар против Лидс Јунајтед.

– Сметам дека раководството на клубот има голема доверба во Мајкл Карик, мислам дека се многу трпеливи и свесни дека станува збор за процес на реизградба на тимот. Кога се прави такво нешто, потребно е време за да дојде до некоја стабилност. Може да се согласиме или да не се согласиме со начинот на кој пристапија кон таа реизградба, но ќе биде потребно многу, многу време за Манчестер Јунајтед да стигне таму каде што сака да биде, – смета Шмајхел.