Синоќа, моделот Барбара Палвин беше една од најзначајните дами на модната ревија на „Victoria's Secret“, а нејзиниот сопруг Дилан Спраус, кој ја бодреше од публиката, беше нејзин најголем поддржувач.
Меѓу моделите кои прошетаа по пистата, можевме да ги видиме Џиџи Хадид, Ешли Греам, Алесандра Амбросио, Адријана Лима, како и дебито на Кајли Џенер, но моделот Барбара Палвин привлече посебно внимание.
Таа беше вистинското изненадување на вечерта. Имено, иако унгарскиот модел е долгогодишен соработник на брендот и веќе неколку пати прошетала на ревијата, сите беа изненадени кога видоа дека се појави на синоќешната ревија, со оглед на тоа што се породи пред шест недели.
Да ве потсетиме, на 7 септември таа роди девојче, Силва, и со тоа го прошири своето семејство со Дилан Спраус, американски актер, а токму тој беше нејзина голема поддршка синоќа.
Додека одеше по пистата, тој ѝ мавташе и ѝ испраќаше бакнежи.
Барбара Палвин прошета по пистата во нежна розова чипкана верзија, во фустан со проѕирни детали, а со насмевка на лицето ги покажа своите мускули и завидна фигура во две комбинации, додека во втората верзија ги носеше и познатите ангелски крилја.
„Се чувствувам одлично. Мислам дека е многу охрабрувачки што тимот на Victoria's Secret ме покани на ревијата и што ги поддржуваме жените“, изјавил моделот за „People“.
Првите неколку недели од мајчинството, Барбара ги нарече ролеркостер, а за својот сопруг рече дека тој е предодреден да биде „татко на девојчето“.
Новинарите од порталот „Page Six“, во разговор со Барбара зад сцената, го изразија своето изненадување што таа се врати на пистата толку брзо, а моделот рече дека тоа не е ништо необично.

„Им кажувам на сите: Ова е нормално. Породилното отсуство трае шест до осум недели (во Америка); утре полнам шест недели, па само правам она што го прават сите други. И само треба да прошетам по пистата!“, изјавила Барбара и додала:
„Среќна сум. Возбудена сум. Се надевам дека нема да паднам!“.



