Ако мислите дека сте лоши во својата работа, можеби ќе ве утеши првата прес-конференција на новата портпаролка на Трамп, Кејти Закарија. Нејзиниот настап траел само 14 минути, а поголемиот дел од времето го поминала читајќи однапред подготвени пофалби за Доналд Трамп.
Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што корисниците немилосрдно го коментираат нејзиното пелтечење и тешкотиите при читањето, а некои дури и се потсмеваат дека „не знае ни да чита“.
Посебно внимание привлекол моментот во кој Закарија направила лапсус и го помешала Трамп со својот сопруг. Иако веднаш ја поправила грешката, снимката од тој момент дополнително поттикна потсмев на социјалните мрежи. Нејзиниот прв настап беше критикуван и поради тоа што им дозволила на новинарите да постават само неколку прашања, додека поголемиот дел од прес-конференцијата го посветила на пофалби за Трамп и неговата администрација.
Снимката од првиот настап на новата портпаролка брзо стана вирална, а корисниците на социјалните мрежи не штедат на критики. Особено внимание привлекле нејзиното пелтечење, читањето на однапред подготвениот текст и несигурниот настап.
„Речиси е исто толку неписмена колку и Трамп“, „Исусе Боже, овие две години ќе бидат долги“, „Можеби грешам, но не мислам дека ја добила работата благодарение на способноста за читање“, „Срамно. Ова е вистинска прес-конференција во Белата куќа, а не сценарио за Сатурдеј Најт Лајв“, Ѝ давам два месеци“, „О, Боже, ова е болно за гледање“, се само дел од коментарите.
Закарија е новата портпаролка на Белата куќа, а на оваа функција дојде откако нејзината претходничка, Каролин Ливит, ја напушти функцијата.
Пред да дојде во Белата куќа, Захарија работела како конзервативна политичка коментаторка и советничка за комуникации во компанијата Трамп медиа и технолоџи груп“ (Trump Media & Technology Group), поврзана со социјалната мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) на Трамп.

Претходно работела и во секторот за комуникации на Министерството за внатрешна безбедност на САД, како и на правни и комуникациски работни позиции.
Закарија дипломирала политички науки на Универзитетот Пепердајн, а во 2011 година таму стекнала и диплома по право. Сепак, нејзините правни квалификации во последните денови се предмет на преиспитување. Иако се претставува како адвокатка, засега нема потврда дека го положила американскиот правосуден испит или дека е запишана во адвокатската комора на некоја од сојузните држави.

Таа самата им изјавила на новинарите дека правосудниот испит го положила во Кина, каде што работела во областа на меѓународното трансакциско право, но не навела во која американска сојузна држава има овластување да ја врши адвокатската професија.
Закарија е во брак со Тајлер Закарија, а парот има четири деца. Пред да биде именувана на една од најекспонираните комуникациски функции во американската администрација, таа беше позната првенствено по своите настапи на конзервативните телевизиски канали и како поддржувачка на политиката на Трамп.