Џенифер Лопез и Кит Урбан се во врска? Извор откри што навистина се случува меѓу нив

Точка

13/10/2026

08:47

653

Големина на фонт

а а а

Двете музички суперѕвезди, Џенифер Лопез и Кит Урбан, од неодамна повторно се слободни, што поттикна гласини за нивна романтична врска. Лопез се разведе од актерот Бен Афлек, а Урбан од актерката Никол Кидман, па повторно се појавија шпекулации што првпат започнаа пред повеќе од десет години. Сепак, се чини дека наместо љубовна приказна, во план е музичка соработка.

Деловни планови наместо романса

Нивната хемија била забележлива уште во 2014 година, кога заедно седеле во жирито на шоуто „Американски Идол“. Опуштениот однос пред камерите и фотографиите на кои Урбан ѝ шепотел нешто на Лопез го привлекуваа вниманието на јавноста, но тогаш и двајцата беа во врски. Денес околностите се променети, но извор близок до ѕвездите тврди дека нема да има нова холивудска романса.


„Џен постојано е опкружена со љубовни гласини, но Кит едноставно не е нејзин тип“, изјавил извор за „Дејли мејл“. Според него, нивниот однос е исклучиво пријателски и деловен.

„Џен и Кит се одлични пријатели уште од времето кога работеа заедно. Иако и двајцата неодамна поминаа низ тешки раскинувања, тоа нема да ги зближи, барем не на романтичен начин. Ќе соработуваат исклучиво професионално“, истакнал изворот.


Лопез еднаш изјавила дека снимањето дует со Урбан би било „остварување на сонот“. Изворот тврди дека пејачката, откако го видела успехот што Бијонсе го постигна со албумот „Каубој Картер“ од 2024 година, и самата почнала да размислува за исчекор во кантри-музиката. Урбан би требало да ѝ помогне во тоа.

„Џен сака да направи нешто слично како Бијонсе. Планира да сними неколку кантри-песни и да види како ќе поминат. Разговарала со Кит за можноста заедно да работат на неколку песни“, објаснил изворот.


Тешкиот развод на Урбан од Никол Кидман

Разделбата на Урбан од Никол Кидман минатиот септември го означи крајот на бракот кој долго време важеше за еден од постабилните во светот на забавната индустрија.

Извештаите што следуваа открија дека разводот не бил едноставен, а парот наводно комуницирал исклучиво преку адвокати. На Урбан, според пишувањата, особено тешко му паднала разделбата од неговите ќерки, 18-годишната Сандеј Роуз и 15-годишната Фејт Маргарет.


Според судската спогодба, Кидман поминува 306 дена годишно со ќерките, додека на Урбан му припаѓаат 59 дена, односно секој втор викенд. Во март, извор за „Дејли мејл“ изјавил дека пејачот се чувствува изгубено без своето семејство.

Ситуацијата дополнително ја искомплицирало интервјуто на нивната ќерка Сандеј Роуз за „Ел Австралија“, во кое младата манекенка ја опишала мајка си како своја „најголема животна инспирација“, додека татко ѝ воопшто не го спомнала.

„Како тој воопшто да не постои“, коментирал тогаш извор за австралиското списание „Њу Ајдија“.

Извори за „Дејли мејл“ ги отфрлиле тврдењата дека Кидман ги свртела ќерките против нивниот татко. Еден добро упатен извор наведува дека девојките застанале на страната на мајка си бидејќи се „повредени и лути поради она што ѝ се случило“.


По разделбата, Кидман ја поврзуваа со бизнисменот Мајкл Рајнштајн, а извор изјавил дека таа „ужива во овој период на откривање нови нешта и истражување на сингл животот“.

Љубовниот живот на Џенифер Лопез

Гласините за врска со Урбан се само последните во низата со кои Лопез се соочува по разводот од Бен Афлек пред две години.

Нивниот брак се сметаше за круна на љубовта што повторно се разгоре речиси две децении откако во 2004 година ја раскинаа првата свршувачка. Врската ја обновија во 2021 година, се венчаа во Лас Вегас во јули следната година, а еден месец подоцна организираа и втора прослава.

Сепак, нивниот втор обид не успеа. Лопез поднесе барање за развод во август 2024 година, а разводот беше официјално финализиран во јануари 2025 година.


По разделбата, се шпекулираше за можна романса меѓу Лопез и нејзиниот колега од филмот „Канцелариска романса“, Брет Голдстин, но актерите ги демантираа овие тврдења во јуни, за време на гостувањето во емисијата „Тудеј“.

Пред Афлек, Лопез била во брак со Охани Ноа, Крис Џад и пејачот Марк Ентони, со кого ги има 18-годишните близнаци Макс и Ема. Таа била вршена и со поранешната бејзбол-ѕвезда Алекс Родригез, но раскинале во 2021 година.

И покрај четирите брака, Лопез не се откажала од потрагата по љубовта. За време на гостувањето во емисијата „Џими Кимел Лајв“ во мај, таа истакнала дека секој иден партнер ќе мора да ги исполни нејзините високи критериуми.

„Некој ден, некаде, ќе запознаам некого, ако биде доволно добар“, изјавила таа.


Засега, како што тврди изворот, иако Лопез „сака повторно да ја пронајде љубовта“, Кит Урбан не е кандидат за таа улога.