[ФОТО] Мексиканската убавица ги шармираше сите: Модна комбинација со која откри многу делови од своето тело

Точка

11/10/2026

16:07

1.031

Големина на фонт

а а а

Мексиканската актерка Еиса Гонсалес се појави на еден настан и ги шармираше сите присутни со својот изглед. Ќе признаете, оваа глетка е тешко да се заборави.

Деновиве, Лондон е место за собирање на бројни ѕвезди, а причината е Лондонскиот филмски фестивал, кој ги пречекува познатите актери и актерки од целиот свет.


Можноста да блесне на овој фестивал ја искористи и мексиканската убавица Еиса Гонсалес, која привлече внимание со својата нереална модна комбинација.

Како што можете да видите, таа избра креација од тул која го откриваше речиси секој дел од нејзиното тело. Лелеавиот фустан без прерамки ја следеше линијата на телото и на тој начин ја нагласуваше нејзината витка фигура, а бидејќи креацијата беше проѕирна, јавноста имаше можност да ги види нејзините гради, но и нејзините гаќички.

Изгледот го комплетираше со шминка во земјени тонови која ги истакнуваше нејзините природни црти, а косата ја стилизираше во меки бранови кои паѓаа преку едното рамо.


На собраните фотографи ги почасти со нежна насмевка, но и со поза која тешко ќе ја тргнете од мислите. 

Ви е допаѓа ли оваа модна комбинација?