Македонскиот интернационалец, Илија Нестровски е навистина одлична форма и гол ритам и навистина е нејасно зошто не го гледаме во нашата репрезентација во ситуација кога имаме огромни проблеми во офанзивната линија, но тоа може да се промени и ноември е прва можност тоа да се направи со тоа што во меѓувреме ќе го фалиме прилепчанецот поради изданијата во Славен Белупо.
Вчера искусниот напаѓач и даде два гола на Ријека во убедливото славје на тимот од Копривница од 4-1. Потоа Иле имаше и свое шоу во соблекувалната со кое стана вирален хит и дополнително го привлече вниманието.
Меѓутоа она што е чисто и со кое Несторовски импресионира се бројките кои ги има во хрватското првенство во тековнава сезона. Со вкупно 7 гола на 9 средби е на второто место на листата на стрелци зад асот на Динамо Загреб,Белјо.
Некогашниот најдобар стрелец во ХНЛ, постигнува гол на секои 78 минути. има реализација на пет од шест големи шанси. Статистиката вели дека упатува по 2,78 удари, а просечната оценка од „Софаскор“ за досегашните настапи му е 7,43.






