Ѓоковиќ: Не сакам да се жалам, јас сум благословен човек

Дерби

09/10/2026

13:19

404

Големина на фонт

а а а

Освоената титула во Пекинг сигурно ќе му донесе дополнителна самодоверба на Новак Ѓоковиќ за завршницата од сезоната, дел во кој големиот грен слем рекордер брка и место на Мастерсот на кој ќе играат најдобрите осум тенисери во 2026-та година.

По освоената титула во својот омилен кинески град, Ноле е веќе во Шангај, а во пресрет на дуелот кој го чека со Хуберт Хуркач во втората рунда, Србинот не пропушти уште еднаш да нагласи дека е благословен што може да игра и да ужива во тенисот во оваа доцна фаза од кариерата.

– Најдобро е тоа што го правам она што го сакам, а воедно и успешен сум во тоа. Се заљубв во тенисот кога имав само четири години. И ден денеска го живеам својот детски сон, а уште поубаво е што низ тоа минувам со моите две деца и преубавото семејство.

– Не би издвојувал што е најтешко во животот во оваа фаза. Би избрал да не одговорам на тоа, бидејќи ќе изгледа како да се жалам. Јас сум благословен што сум здрав и што можам да играм во оваа фаза од кариерата, – изјави Ѓоковиќ, кој беше запрашан дали би се сфатил себеси ако се гледа од перспектива од пред десет години.

– Мислам дека би се сфатил себеси, особено на професионално ниво. Оваа посветеност и лудилото кое го носам со себе, ги имав и пред десет години. Секако дека се променив во овие 10 години, но сите го правиме тоа со тек на време и се обидуваме да бидеме подобра верзија од себе, – изјави Ѓоковиќ.