Кристијано Роналдо одлучи да продолжи да настапува за Португалија и по Светското првенство кое се одржи минатово лето, турнир на кој ветеранот не се прослави и многумина веруваа дека тука ќе биде неговиот крај кога е во прашање репрезентативната кариера.
По само неколку месеци од турнирот во САД, Мексико и Канада, Роналдо каде лидер и капитен се одлучи да ја напушти репрезентацијата за време на „прозорецот“ наменет за Лигата на нации, поточно да се стави себеси на прво место и да изрази одредено незадоволство од потезите на селекторот Жорз Жезус.
Португалците и без неговите услуги славеа на трите натпревари и сега навистина се отвара прашањето дали Кристијано ќе се врати во националниот тим и дали тој е толку потребен со оглед на тоа што веќе влезе и во петтата деценија од животот. Тоа е тема, прашање со кое португалската јавност сигурно ќе се занимава сега и во следниот период, а во меѓувреме некогашниот француски репрезентативец, Криштоф Дигари во свој стил го подбра напаѓачот на Ал Наср.
-Се изморив. Ужасно е да имаш толку малку почит кон своите сонародници, кон својата нација. Ужасно е затоа што тоа не е сликата што ја проектираше порано. Тој ја проектираше сликата на здрав човек, тимски играч, некој одличен и дарежлив. А сега, имам впечаток дека се трансформирал, дека неговото его го јаде жив во текот на овие последни неколку месеци. Иако можеше да излезе низ голема врата, сега е готово, сè е расипано. Како сакате да се врати? За што?, -вели Дигари кој смета дека Кристијано мора да се признае дека не е на истото ниво како во минатото.
-Талентот на одличен играч како Роналдо треба да биде и да види кога повеќе не игра. Тоа е случај на три меѓународни натпреварувања досега. Неговиот национален тим е поефикасен без него. Тој треба да биде во фаза на пренос, да ја предава палката. Сето ова само затоа што тренерот ви кажал дека ќе ве игра во последните половина час, а потоа ги променил плановите… Каква порака им испраќате на младите Португалци, -подвлекува човекот кој со Франција беше европски и светски шампион.












