Лионел Меси одлучи да стави крај на репрезентативната кариера со тоа што „последниот танц“ ќе го има на домашно тло, во татковината на пријателскиот меч против Бенин.
Ѕвездата на Интер Мајами се одлучи за овој чекор по последното Светско првенство на кое „гаучосите“ дојдоа до завршниот натпревар на турнирот каде загубија од Шпанија со 1-0. Напаѓачот има 39 години и сака да им остави простор на помладите, простор да се изгради нова генерација која ќе може да ја преставува Аргентина на највисоко ниво на наредниот мундијал со тоа што претходно ќе се одигра и Копа Америка.
🚨📲| 𝗡𝗘𝗪: Lionel Messi on Instagram;
“Special moments, which I know I will start missing.. 🇦🇷.” https://t.co/tRhsOFNqUI
— FÚTBOL HUB (@FutbolHub_) October 6, 2026
Средбата со Бенин е закажан за в среда наутро од 01:00 часот во Буенос Аирес на „Монументал“, средба на која се очекува да има доста емоции. Лео се подготвува за овој завршен чин, а пред истиот се огласи на социјалните мрежи со фотографии од последниот тренинг.
-Посебни моменти за кои знам дека ќе ми недостигаат-напиша Меси.








