Скандал во NFL: Судија пцуеше играч

Точка

05/10/2026

17:17

248

Големина на фонт

а а а

Срамно однесување на американски судија беше забележано во неделата на натпревар од „NFL“.

Аризона Кардиналс во неделата навечер загубија од Њујорк Џајантс со 36:24, но на овој натпревар се случи нешто шокантно и неверојатно.

Линискиот судија Џеф Симан го опцу тајт ендот на Аризона Кардиналс, Треј Мекбрајд, а камерите јасно го забележаа инцидентот.

Иако камерите немаат микрофони, па не може да се слушне што било кажано, од движењето на усните јасно може да се прочита дека судијата Симан пцуе и гледа во правецот на Треј Мекбрајд.

Американските медиуми сепак оставаат простор за можноста Симан да пцуел поради нешто друго и псовките да не биле упатени ниту кон Мекбрајд, ниту кон некој друг играч.

Директорот на синдикатот, односно унијата на играчи, Џеј Си Третер, го виде сето ова и се огласи на социјалните мрежи, велејќи дека однесувањето на судијата Џеф Симан е неприфатливо.

„The Athletic“ веднаш потоа објави дека „NFL“ одлучил веднаш да спроведе истрага и да утврди што точно се случило на натпреварот.

Интеракцијата се случила откако судиите на натпреварот одбиле да досудат попречување при фаќање („pass interference“) при клучното неуспешно додавање за трет даун, кое Џекоби Брисет го упатил кон Мекбрајд.

Корнербекот на Џајантс, Дру Филипс, бил задолжен да го чува Мекбрајд во таа акција и остварил контакт со него пред да пристигне топката.

Треј веднаш протестирал кај Симан поради одлуката да не биде досуден прекршок, а судијата стоел во непосредна близина на местото на настанот.

Протестите на Мекбрајд не вродиле со плод и на крајот предизвикале реакција која можете да ја видите погоре.

Кардиналс во тој момент губеле со 27:24, а по неуспешното додавање изведоа пант, на 4:53 минути до крајот на регуларниот дел од натпреварот.