Манчини го брани својот колега: Турците не треба да заборават една работа

Дерби

05/10/2026

13:16

171

Големина на фонт

а а а

Роберто Манчини најави неколку промени во италијанскиот тим за вечерашниот натпревар кој „аѕурите“ го играат против Турција, ривал кој пред неколку дена успеаја да го потопат со убедливи 1:4 во Бурса.

Италијанскиот селектор планира измени во стартниот тим после интензивните пресметки со Турција и Италија во период од само три дена, а новиот меч кој следи три дена подоцна повторно му носи пресметка со добар познаник.

Винченцо Монтела долго време беше на „меден месец“ како турски селектор, но трите порази во низа го зголемуваат притисокот врз Италијанецот и дел од турските медиуми почнаа да бараат негова оставка.

Лошата серија на Турците започна на мундијалот на кој беа едно од најголемите разочарувања, а трите порази во низа изразени со гол разлика 8:1 дефинитивно им даваат за право на медиумите и турските фанови да почнат да се сомневаат во неговата работа.

– Можеби моментално не минуваат низ најдобриот период, но мора да се признае дека Монтела го врати овој тим во дивизијата од Лигата на нации и обезбеди пласман на Светското првенство. Имаат многу талент во тимот, а на Светското првенство едноставно немаа среќа.

– За нас како тим, најголемата грешка што би можеле да ја направиме е да мислиме дека натпреварот ќе биде лесен. Не смееме да ја потцениме Турција само затоа што загубија од Белгија на последниот меч, – изјави Манчини.