[ВИДЕО] Халанд предизвика паника во Манчестер на седум дена пред дербито со Ливерпул

Дерби

05/10/2026

13:17

239

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити како клуб веќе десетина дена се занимава со обвиненијата од Премиер лигата и ги разгледува сите правни алатки за да достави најдобра можна жалба, а во таков комплексен период, најмалку беше потребно да се види и панична реакција од Ерлинг Халанд за време на мечот на „Драгао“.

Норвешкиот напаѓач беше дел и од четвртиот натпревар во период од десет дена и на крајот почувствува последици од пеколното темпо во Лигата на нации, а фактот што побара измена на мечот со Португалија не е воопшто добар сигнал.

Халанд е познат како човек кој никогаш не бара измена ако не станува збор за нешто поинтензивно, па токму поради тоа, импресиите не се баш најдобри во Манчестер.

Ерлинг сам побара измена од селекторот Солбакен на средина на второто полувреме против Португалија и излезе од игра, а со сигналите кои ги испрати, јасно стави до знаење дека се работи за мускулен проблем.

Во овој момент не може да се даде било каква прогноза за каква повреда станува збор, но бидејќи дербито против Ливерпул се игра за седум дена во Премиер лигата, сега се отвора голема можност тимот на Енцо Мареска да биде значително ослабен за дуелот на „Енфилд Роуд“.

Видеото погледнете го ТУКА.