Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан со поранешниот сопруг Канје Вест има четири деца.
Најстара е ќерката Норт (13), а потоа следуваат Сејнт (10), Чикаго (8) и Псалм (7).
Парот се разведе во 2022 година, а оттогаш Ким е примарен старател на своите деца.

За да успее да ги исполни сите семејни обврски како самохрана мајка, на Ким и помагаат пет дадилки кои работат во смени.
Како што објаснила за „Тајмс“, „една дадилка е секогаш на должност“, додека „останатите четири се менуваат во смени“.
Иако има организирана помош, Кардашијан е активно вклучена во секојдневниот живот на своите деца. Секој ден лично ги носи и ги зема од училиште, а секоја вечер вечераат заедно.
„Мислам дека сум умерено строга мајка. Многу сум трпелива и им давам многу љубов. Децата и понатаму можат да спијат во мојот кревет кога и да посакаат, а секоја вечер им читам пред спиење“, рекла таа.

Во интервјуто Кардашијан се осврнала и на изложеноста на нејзините деца во јавноста, особено на најстарата ќерка Норт, која е популарна на ТикТок и сè повеќе се занимава со музика.
Таа признала дека ја загрижува учеството на децата во семејното ријалити-шоу „The Kardashians“.
„Секое дете учествува онолку колку што му е пријатно. Помалите деца се појавуваат додека снимам, но всушност немаат поголеми улоги во серијата. Норт го сака тоа малку повеќе од останатите, па морам малку да ја запирам“, објаснила Ким.
Таа додала дека Норт најмногу ја интересираат проекти во кои е јавно експонирана, поради што родителите се обидуваат внимателно да ги избираат можностите што ќе ги прифати, наместо да се согласат на сè што ќе ѝ биде понудено.

Кога станува збор за музиката, Ким рекла дека за тоа подобро комуницира со Канје Вест. Тие внимаваат да бидат усогласени и Норт да учествува само во проекти што и двајцата ги одобриле.